Добро е познато дека сите живи луѓе денес можат да се проследат наназад до заеднички предок, но едно истражување открива од каде потекнува тој предок.
Истражувачите од Институтот за големи податоци на Универзитетот „Оксфорд“ ја мапирале целината на генетските односи меѓу луѓето за да го создадат најголемото човечко семејно стебло досега.
Со комбинирање на податоците од современите и древните човечки геноми од осум различни бази на податоци, истражувачите успеаја да создадат огромно семејно стебло што им овозможило да видат како генетската секвенција на една личност е поврзана со друга користејќи ги точките на геномот.
- Во суштина, ги реконструираме геномите на нашите предци и ги користиме за да формираме огромна мрежа на врски. Потоа, можеме да процениме кога и каде живееле овие предци - вели водечкиот автор, д-р Ентони Вајлдер Вонс.
Каде живееле? Во Судан, Африка.
- Најраните предци што ги идентификувавме потекнуваат од географска локација што се наоѓа во денешен Судан. Овие предци живееле до пред повеќе од 1 милион години, што е многу поодамна од сегашните процени за возраста на хомо сапиенсот, од пред 250.000 до 300.000 години - вели д-р Вонс.
Истражувачите користеле 3.609 индивидуални геномски секвенции од 215 популации и примероци кои се движеле од 1.000 до над 100.000 години.
Со користење нов метод за собирање на податоците, алгоритмите можеле да предвидат каде се наоѓаат заедничките предци во еволутивните стебла за да објаснат некои модели на генетска варијација.
Резултатите создале мрежа од речиси 27 милиони предци.
- Моќта на нашиот пристап е тоа што прави малку претпоставки за основните податоци и може да вклучи и модерни и антички примероци на ДНК - вели д-р Вонс.
Не само што податоците ни помагаат подобро да ја разбереме човечката геологија, туку новиот метод може да помогне и во други истражувања, како медицината.
- Основниот метод може да има широка примена во медицинските истражувања, на пример, идентификување генетски предиктори за ризик од болести - додава д-р Вонс.