X
 13.08.2019 Живот

Син ми има 5 години, залепен е за мене и не сака да оди во градинка. Помагајте!

„Имам син од 5 години и мојот проблем во врска со него е неможноста да го запишам во градинка или, пак, дневен престој (оние приватните од по 3-4 часа ), каде што ќе се социјализира и едуцира. Јас одам на работа, сопругот работи од дома, а го чува мојата свекрва. Значи тој е одделен од нас, но кога ќе дојде ред да го носиме во некој дневен престој, не сака ни да влезе. За првото влегување може да го излажеме, но за наредното одење буквално треба да го однесеш „заврзан со синџири“, толку е голем неговиот отпор.
Кога имаше 3 години, првпат го оставив да го чува баба му и тргнав на работа. И тогаш беше тежок процесот на адаптација со баба му, но се навикна.
Инаку е бунтовен, со силна волја, а од друга страна плашлив, не останува сам во просторија, евентуално ако е заигран, па тогаш не оди по мене.
Во викендите кога сум дома, нонстоп е залепен за мене, а така се однесува и ако некој, на пример, ни е дојден на гости (пријател, роднина) и јас имам потреба да ја напуштам просторијата. Тогаш трча по мене како да сум го оставила и тоа страшно ме нервира. Досега 3-4 пати имам пробано да го запишеме, ама безуспешно. Воопшто не сака да соработува и да пробаш да го однесеш, се опира, и тоа страсно, од автомобил не можеш да го извадиш, има викање, плачење. Знам дека е друштвен, дека сака деца, но стравот од одделување е многу голем.
Проблемот мора да се реши зашто за една година ќе биде уште поголем и нема да сака да оди на училиште.“
Прашањето на читателката, на Деца.мк го одговара психологот Ивана Маринчек.

Одговорот прочитајте го на овој ЛИНК.

Ивана Маринчек

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот