X
 19.03.2023 Живот

Зошто толку многу луѓе се плашат од кловнови?

Дали се плашите од кловнови? Не сте сами. Кулрофобија, или страв од кловнови, е познат феномен. Истражувања покажале дека возрасни и деца од повеќе култури низ светот го имаат овој страв. Меѓутоа, оваа фобија не била објаснета досега.

Ново истражување на темата покажало дека над половина од луѓето се плашеле од кловнови до одредено ниво, а 5 отсто многу се плашат од нив. Било откриено и дека жените почесто се плашат од кловнови отколку мажите.

Кога станува збор за причините за овој страв, голем дел од испитаниците изјавиле дека се плашат од кловнови поради нивниот изглед, кој не наликува на човечки.


Фото: Pixabay

Луѓето се плашат од кловнови и поради претераните карактеристики на лицето, шминката која ги крие емоциите на лицето зад маската, асоцирањето на бојата на шминката со смрт и непредвидливото однесување. Дел од испитаниците посочиле дека се плашат од кловнови бидејќи член на семејството го има истиот страв, кловновите се негативно прикажани во популарната култура или имале страшно искуство со кловн.

Според заклучоците на истражувачите, скриените емоции во лицето на кловновите се најсилен фактор за појавата на страв од нив. Со други зборови, луѓето не можат да ги видат изразите на кловнот поради шминката и затоа не можат да ја разберат неговата намера.

Извор: Scientific American
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот