Имам 34 години, високо образование, вработена сум и имам 2 деца (8 години и 2,5 години). Живееме заедно со сопругот, сами, само јас сум повеќе ангажирана околу децата. Сакам да прашам за поголемиот син. Последните неколку месеци има некоја чудна промена кај него - почна да не ме слуша ништо, враќа на секој збор, знае и со погрдни зборови да се обрати, на пример, „кучко една“ или „доста мори“ итн. Додека беше мал, секогаш бев толерантна со него, сè правеше со договор, со добро, многу ретко го тепав. Ама сега со ова однесување буквално ме вади од такт. Почнав многу да го тепам, ама ништо не помага, дури знае и да ми врати. Често му викам и тоа многу силно, а го тепам повеќе од порано. Тоа е момент и трае кратко, а потоа самиот ми се извинува, ама наредниот ден повторно истото, и така секој ден. Ве молам за совет.
Ова е прашање на читателка, упатено до психолозите соработници на
Деца.мк.
Одговорот на психологот Христина Стефановска прочитајте го на овој
ЛИНК.