X
 19.05.2017 Живот

Зошто не треба да се плашиме од вонземјаните?

Како што се приближуваме до откривање на живот на друго место во универзумот, сè поголем дел од луѓето предупредуваат дека треба да бидеме внимателни. Познатиот физичар Стивен Хокинг вели да запреме, неодамна покажувајќи ја својата загриженост во врска со вонземскиот контакт во неговите коментари за можен живот на „Gliese 832c“: „Еден ден, може да добиеме сигнали од ваква планета. Но, треба да бидеме претпазливи со одговорот. Среќавањето на напредна цивилизација може да се одвива како кога Индијанците наишле на Колумбо. Не излезе баш најдобро“. 

Астробиологот Луис Дартнел не се согласува со ова. Од неговата перспектива, работите се значително помалку страшни отколку што луѓето мислат. Во неодамнешна статија објавена на „Literary Hub“, тој нуди цврсти аргументи зошто не треба да се грижиме.

1. Зошто вонземјаните не би сакале да нè заработ и да се размножуваат со нас?


Секако, луѓето поробувале други луѓе во текот на нашата историја, но ние не сме толку напредни. Нашето колективно чувство за вина нè тера да се плашиме дека некој друг ќе ни го направи она што ние сме им го направиле на другите.

Постои зголемена загриженост дека наскоро ќе се натпреваруваме за работни места со роботи. После сè, тие можат да понудат поефикасна форма на работна сила отколку ние. Дарнел истакнува дека секоја цивилизација доволно напредна, нема да има потреба од робови.

Што се однесува до размножувањето, Дартнел посочува колку совршена треба да биде хемијата на две совршено синхронизирани суштества, за два организми да можат да се парат. За репродукцијата да биде возможна, еве што вонземјаните ќе треба да делат со нас. Исти:

- полимер, или RNA, кои ги користиме за складирање на генетски информации
- Генетските букви A, Ц, Г, и Т
- Систем за кодирање кој ги преведува буквите во протеини
- Хромозомска организациска структура.

2. Зошто вонземјаните не би сакале да н
è изедат?

Што се однесува до храната, голема е веројатноста да немаме сличен вкус. За вонземјаните да добиваат било каква хранлива материја од нас, тие ќе треба да се биохемиски слични. Ќе мораат да имаат ензими кои ќе им овозможат успешно да ги разложат и да ги искористат полимерите на амино киселините, полимерите на базите и шеќерите и мембраните на фосфолипидите од кои сме направени.

Дартнел укажува на тоа дека иако постои шанса вонземјаните да бидат направени од ист „материјал“ како нас - амино киселините, шеќерите и масните молекули се најдени во метеорите, што укажува дека се чести низ универзумот, постои една интересна пречка: енантиомери.

3. Зошто вонземјаните не би дошле да ни ја украдат водата?

Едноставно кажано, постои вода насекаде. Жедните вонземјани кои би го посетиле нашиот сончев систем веројатно прво би се упатиле директно на месечината Европа на Јупитер, која има повеќе вода во течна состојба под нејзината замрзната површина отколку што ние ја имаме тука. Исто така, се чини дека постои доста вода на ледените месечини, па дури и на кометите и астероидите, веројатните извори на нашата вода.

4. Зошто вонземјаните не би дошле тука за други суровини


Повторно, астероидите изгледаат како пологично место да добијат било каков градежен материјал кој го имаме и тука: железо, никел, платина, волфрам и злато. Отсуството на гравитација ќе им ја олесни работата за извлекување на материјал од помало тело.

5. Зошто вонземјаните не би сакале да ја колонизираат Земјата и да живеат тука

Како астробиолог, Дартнел признава дека земјата има различни услови кои ја прават особено погодна за поддршка на комплексен живот, и тоа би било привлечно за вонземските видови во потрага по нов дом.

Сепак, тој истакнува дека секоја цивилизација способна за патување низ вселената веројатно веќе се способни за вештачко управување или „биоинженеринг“ на животната средина на било која планета, за таа да стане погодна за живот. Ако ова е така тогаш зошто вонземјаните би се мачеле да искоренат милијарди организми тука? Би било полесно и побрзо едноставно да се дизајнира и изгради биосфера на некое место на кое не живеат досадни жители.

Зошто вонземјаните би дошле тука воопшто?

Дартнел сугерира дека ако се појават вонземјани, причината за нивната посета би била средба со нас. „Мислам дека ако вонземјаните дојдат, тоа би било за истражувачки цели: биолози, антрополози, лингвисти - луѓе кои би сакале да го разберат животот на Земјата, да го сретнат човештвото и да научат за нашата уметност, музика, култура, јазици, филозофии и религии“, вели тој.

Каде се?

Дартнел тврди дека постојат две причини зошто никој не одговорил на нашето испраќање на сигнали:

1. Или никој не постои, сами сме.
2. Постои толку многу интелигентен живот во вселената, што ние не сме толку посебни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот