Ако фановите на „Игра на троновите“ беа присутни во судницата во која беше присутен актерот Николај Костер-Валду, ќе дознаеја многу работи за серијата.
Актерот, кој го глуми Џејми Ланистер, се појави на суд поради спорот со поранешната менаџерка Џил Литман. Бидејќи тужбата дошла на суд, неговиот тим бил принуден да открие детали од договорот, поточно во колку наредни епизоди ќе се појави. Тоа значи дека во судот открил и дали ќе остане до последната епизода.
Во осмата сезона, според она што се открило досега во судската постапка, тој заработил по 1.066.667 долари од епизода, за „најмалку“ шест епизоди. Тоа значи дека Ланисте издржал до крајот на серијата.
Но, тоа не значи дека тој останал жив до последната
епизода.