Доколку сте обожавател на книгите од франшизата „Игра на тронови“, веројатно се надевате дека авторот Џорџ Р. Р. Мартин наскоро ќе ги заврши и најавените нови продолженија. Мартин откри дека работи на претпоследниот том уште од минатата година, но уште не е завршен. Последниот дел не е ни почнат.
На еден корисник на „Чет-ГПТ“, Лијам Свејн, му здодеало да го чека Мартин да ги заврши најавените делови и решил да побара од алатката за вештачка интелигенција да ги напише овие книги. Книгите напишани од „Чет-ГПТ“ се огромни, исто како и оние на Мартин.
Според Свејн, алатката водела сметка за приказните на ликовите во претходните книги во пишувањето на новите книги. Меѓутоа, „Чет-ГПТ“ потфрлил во однос на страста на Мартин за неочекувано убивање на главните ликови. Ова веројатно е резултат на начинот на функционирање на алатката, која користи други романи за подобрување на софтверот за пишување.
Засега вештачката интелигенција не може да го замени Мартин. Напишаните книги од „Чет-ГПТ“ може да ги пронајдете
овде и
овде.
Извор:
Bug
Насловна фотографија: Pixabay