Не, очите не ве лажат. Милијардерот и претприемач Илон Маск на „Твитер“ го објави својот најнов проект: киборг-змеј.
Фото: Getty Images
Да, шефот на „Тесла“ и на „Спејс екс“ заедно со уште неколку технолошки компании ќе го создаде првиот киборг-змеј. Иако ова се чини како шега, Маск многу работи што мислевме дека се шега ги претвори во реалност.
Земете го на пример пламенофрлачoт од неговата „Боринг компани“, кој ги продаде сите 20.000 единици, собирајќи 10 милиони долари.
Во период од 14 часа од објавувањето на неговиот најнов амбициозен проект на „Твитер“, неговиот твит стана вирален и ретвитуван од многу луѓе.
Меѓутоа, твитот беше забележан и од ТВ-франшизата „
Игра на тронови“, па така шоуто бараше одредена почит од него...
...на што Маск одговори соодветно.