Вчера, во Музејот на современа уметност во Скопје, НЕОТЕЛ ја прослави својата 20-годишнина заедно со своите клиенти, соработници и вработени кои придонесоа за успехот на компанијата. Настанот беше одбележан со одличен настап на бендот „Фолтин“, како и пригоден говор од директорот Даме Цветковски, кој ги потенцира клучните моменти од историјата на компанијата.
- Во текот на целата своја историја, НЕОТЕЛ беше пионер во освојување на ИКТ-технологиите, применувајќи IP телефонија, фиксен безжичен интернет преку WiMAX и IP телевизија, тогаш технологии во зачеток, правејќи секогаш чекор пред времето. Иновативноста и истражувачкиот дух беа резултат на ентузијазмот и компетентноста на тимот на НЕОКОМ и академските професори - изјави директорот. Тој, исто така, го нагласи значењето на вработените и основачите на компанијата, кои со својата визија и посветеност го поставија патот кон успехот.
Во своето обраќање господинот Цветковски додаде: „Од самиот почеток, моторот на нашата компанија беа млади инженери кои ги заменија универзитетските клупи со канцелариски бироа, компјутери, мрежна и комуникациска опрема. Тие се развија во извонредни професионалци и денес, со истиот ентузијазам како и тогаш, продолжуваат да работат со страст и посветеност.“
Настанот ја потенцира долгогодишната посветеност на НЕОТЕЛ кон иновации, високи стандарди и професионализам, вредности кои остануваат клучни и за годините што следуваат.
Како дел од одбележувањето на 20-годишнината, НЕОТЕЛ подготви специјална понуда за сите домашните корисници, 50% попуст на сите пакети во првите 12 месеци, како и бесплатен HBO пакет за првите 6 месеци. За повеќе детали проверете на www.neotel.mk
(Комерцијална објава)