X
 15.06.2022 Живот

dm drogerie markt: 10 години успешна приказна

Најголемиот дрогериски синџир во Европа, dm drogerie markt, кој работи во С. Македонија со продажна мрежа од 21 дрогерија во 9 града и повеќе од 200 вработени, прославува јубилеј: десет години успешна работа на македонскиот пазар.

Од Карлсруе, преку Салцбург, па сѐ до Скопје – „Тука сум човек, тука купувам“ е слоган кој накратко ја објаснува основната ориентација на компанијата dm drogerie markt, која пред точно 10 години ги отвори вратите на првите две дрогерии на македонскиот пазар. Со текот на годините пазарните услови во земјава се менуваа, а компанијата остана доследна на својот фокус: Човекот - почитување на различностите и создавање атмосфера на доверба и еднаквост. Оваа заложба се докажа како клуч за успехот: Во изминатата деловна година компанијата оствари рекорден промет од 1,4 милијарда денари.
- Големите бројки се причина за славење во бизнис-светот, но во оваа јубилејна година ние во dm ова го гледаме како уште еден стимул да продолжиме со политиката на одговорност кон купувачите, вработените и заедницата во која работиме. Искрено се радуваме на секој добар деловен резултат бидејќи тоа го гледаме како признание од луѓето, како и поддршка да продолжиме понатаму со позитивни проекти како општествено одговорни донации и инвестиции во нашите вработени, во нашите продажни објекти и во заедницата во која дејствуваме - изјави Весна Стојановиќ, директорка на dm drogerie markt во Северна Македонија и Србија.

Асортиман кој ги задоволува сите потрошувачки потреби

Дрогериите на dm важат за едни од омилените места на македонските купувачи, а голема улога во тоа, покрај модерните продажни објекти и насмеаните и стручни вработени, има и понудата на производи. Со повеќе од 14.000 производи, од кои повеќе од 4.000 производи им припаѓаат на сопствените dm марки, dm drogerie markt е најголем понудувач на сопствени трговски брендови на македонскиот пазар, а со повеќе од 300 сопствени производи dm е лидер во сегментот на органска исхрана во С. Македонија.

- Гордост за нашата компанија претставуваат нашите вработени и нашиот асортиман. Преку асортиманот сакаме да ги исполниме, па дури и да ги надминеме очекувањата и потребите на нашите купувачи. Понудата на повеќе од 14.000 производи од најразлични сегменти за нега и убавина, органска храна, додатоци во исхрана, нега и хигиена во домот, како и нега на бебиња, нѐ прави препознатливи на пазарот како пријател на целото семејство, каде што нашите купувачи можат да пронајдат сѐ што им е потребно, на едно место - изјави Александра Кориши, директорка на dm drogerie markt во Северна Македонија и Србија. „Како најголем понудувач на сопствени трговски брендови на македонскиот пазар, нашиот асортиман го гледаме како еден вид одговорност кон нашите купувачи, на кои преку сопствените брендови им ставаме на располагање докажан германски квалитет по супер цени, идентичен како оној на полиците на dm во западните европски земји, како Германија и Австрија“, додаде таа.

Компаниите постојат за луѓето, а не обратно

Во својата работна филозофија, dm се водени од принципот дека компанијата може да расте само додека напредуваат вработените. Заемната размена на идеи, знаења и способности е основа за успешна соработка и градење доверба, која е постулат за успех и просперитет на секоја компанија.

- Една од клучните водечки идеи, покрај понудата на богат и квалитетен асортиман и пријателски и професионални совети за нашите купувачи, е обезбедувањето силна поддршка на нашите вработени. А кога велиме силна поддршка, мислиме на пазарно атрактивни плати, 14 во текот на годината, но и опширни здравствени систематски прегледи, многубројни курсеви и специјализации. Се стремиме кон една многу едноставна идеја - луѓето кои ни веруваат, било да се купувачи било вработени, да бидат среќни што се со нас и во исто време да им овозможиме целосен развој на својот потенцијал. Oваа година, по повод десетгодишниот јубилеј, на секој вработен му беше исплатен дополнителен јубилеен хонорар сразмерно на висината на неговиот работен стаж во компанијата - изјави Александра Кориши.

10 години општествена одговорност

Општествено одговорното однесување на dm во С. Македонија е изразено преку различни иницијативи и активности. Така, во изминатата деловна година dm drogerie markt имаше реализирано рекордна сума на донации, односно повеќе од 4,8 милиони денари во различни општествено одговорни активности, во форма на производи од својот асортиман и купување неопходна опрема.
- Водени од филантропскиот принцип, кој е длабоко вкоренет во нашата компанија, ќе се стремиме да ја искористиме нашата позиција на пазарот за создавање подобро место за живеење за сите нас. Ќе продолжиме да работиме на наше постојано надминување во сите сфери и да создаваме поповолна социјална и деловна клима, служејќи како пример за успешно работење – изјави Весна Стојановиќ, директорка на dm drogerie markt во Северна Македонија и Србија.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот