Сите ја знаеме изреката - без разлика што велат другите, секогаш имаш избор, но една од најголемите иронии е тоа што не знаеме што би можело да биде доколку би избрале поинаку. Често она што не сме го направиле подоцна доаѓа во некоја друга форма во нашиот животен пат, па нѐ тера повторно да ги преиспитаме нашите постапки и одлуки.
Но, постојат и одлуки за кои универзално се смета дека ќе жалите подоцна во животот. Но, погледнете од поведрата страна, почнете да ризикувате и да го дадете најдоброто од себе уште денес.
1. Не почнувате порано
Без разлика дали станува збор за работа, префрлување на поздрава исхрана, спортување, грижа за вашата кожа, заштеда на повеќе пари или следење на вашите соништа, секогаш ќе се прашуваме зошто не започнавме со нештото порано. Затоа, сега направете чекор напред и направете нешто од вашата листа со планови и желби. Уште подобро е ако тоа бара време, храброст и посветеност, бидејќи утре ќе бидете посреќни знаејќи дека веќе сте започнале.
2. Одложуваме до утре
Утре никогаш нема да дојде. Која мала акција може да ја преземете сега за да го смените вашиот живот за да го направите вашето утре подобро? Ако се одлучите за држење диета, зошто да чекате до понеделник, ако треба да направите нешто потешко, зошто да го одложите за утре? Дали ќе биде полесно? Нема.
3. Велиме „да“ за сѐ
Кога некој ќе ве замоли да направите нешто за него, дали вашиот автоматски одговор е „да“? Дали воопшто размислувате за последиците од тоа што се согласувате на премногу работи? Ако постојано правите работи што не ги сакате, вие се девалвирате себеси, вашата работа, вашето време, па зошто и другите да не го сторат истото?
Научете да кажувате „не“ и живејте го својот живот, а не нечиј.
4. Не го слушате срцето
Дали донесувате одлуки затоа што сметате дека е правилно или се плашите да го направите она што навистина сакате да го направите? Повлечете се на тивко место и медитирајте. Слушнете го вашето срце. Што ви кажува? Тоа е вашиот глас кој се нарекува интуиција. Глас што знае што навистина сака вашето срце. Но, премногу често сакаме да го замолчуваме затоа што обично не е во согласност со она што го сака нашиот ум. Сепак, слушајте го, нема да зажалите.
5. И понатаму сте во токсична врска
Најбрзиот начин да се изгубите себеси е да дозволите некој да ве контролира. Кога станува збор за вашата причина, вредности и карактер, треба да ја раскинете таа врска. Иако го знаете тоа длабоко во себе, одбивате да го слушате вашиот внатрешен глас.
Фото: Freepik
6. Премногу се грижите
Анксиозноста и недостигот на самодоверба се главните ограничувачки фактори во животот. Ние се грижиме за нашите животи, финансии, здравје, деца и многу работи што нѐ засегаат. Се грижиме толку многу што дури и кога немаме причина да се грижиме, стануваме вознемирени за тоа. Не ги решаваме проблемите со грижи, па зошто да се грижиме? Соочете се со фактите и прифатете што е можно поскоро дека нема да постигнете ништо со тоа што ќе се грижите. Тоа не значи дека нема да размислувате за проблемите, но нема да дозволите тие да ве победат.
7. Се потценувате себеси
Кога последен пат дозволивте да се почестите? Луѓето што се потценуваат имаат тенденција да мислат дека не можат да си дозволат одредени слободи, како да се препуштат на нешто едноставно затоа што им се допаѓа. Наспроти верувањето дека е себично да се биде на прво место, тоа не е така. Мислите дека не го заслужувате тоа? Не треба да го заслужите, треба да живеете. Мислите дека не сте доволно добри? Зошто? Верувајте дека веќе имате сѐ што ви треба!
8. Носите голем товар
Сите ние доживуваме секакви емоции. Кога не можете да се откажете од одредени емоции, тие стануваат товар што ве влече на дното. Кога не сакаме да ги признаеме овие емоции (негативни), тие се нарекуваат потиснати емоции. Со текот на времето тие ќе се вкоренат во нашата потсвест и постојано ќе се појавуваат и ќе нѐ доведат до чести промени во расположението, тага, депресија, завист и гнев. Дозволете си да чувствувате негативни емоции, но исто така ослободете се од нив кога ќе дојде време и продолжете понатаму.
9. Не патувате кога ќе се појави можност
Патувањата нѐ збогатуваат и нѐ прават подобри луѓе. Но, многумина од нас мислат дека сега немаат време за тоа. Погрешно. Патувајте секогаш кога имате шанса.
10. Прерано се откажувате
Да, откажувањето е одлука. Најлошото нешто што можете да го направите е да се откажете од своите цели. Резултатите од вашите одлуки нема секогаш да бидат како што очекувате. Но, успехот не престанува кога пречките се големи. Слободно правете грешки, учете од тоа и продолжете понатаму. Откажувањето е одлука за која сите знаеме дека на крајот ќе зажалиме.