X
 21.05.2017 Живот

Најпосакуваните работодавци во Германија

germanija
Фото: Thinkstock

Големите технолошки компании, успешните старт-ап компании и влијателните консултантски куќи се меѓу десетте најпосакувани работодавци во Геманија, вели истражувањето спроведено од „LinkedIn“. Оваа професионална социјална мрежа анализирала кои компании во најголемата европска економија добива најмногу апликации за вработување.

Помеѓу десетте компании во кои Германците би сакале да работат, пет се германски, четири американски и еден холандски работодавец. На прво место е „Zalando“, интернет продавница за облека основана во 2008 година, а оваа година прогласена за најдобро место за работа во Германија. Седиштето на оваа компанија е во Берлин, а тука се вработени 10.000 луѓе.

Позади него се наоѓа консултантската куќа „McKinsey“, а после неа следува уште една германска интернет компанија, „Rocket Internet“. Четвртото и петтото место го заземаат „Google“ и „Amazon, додека компанијата за сметководство „KPMG“ се наоѓа на шесто место. Од седмо до деветто место се германски компании. Тука спаѓа и произведувачот на спортска опрема „Adidas“, најстариот фармацевт во светот „Merck“ и на крај произведувачот на софтверот „SAP“, а на крајот на листата е уште една консултантска компанија, „Boston Consulting Group“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот