Актерот сер Иан Мекелен ѝ е идол на 17-годишната Мили. Токму затоа ја направила оваа фотографија во театарот „Ројал Виндзор“, а подоцна фотографијата ја споделила на нејзиниот инстаграм-профил.
- Мислам дека она што тој го прави е спектакуларно. Тој има добра енергија и е феноменален актер.
Сер Мекелен ја видел фотографијата и ја замолил да го прошета околу Виндзор.
- Си помислив: „Иан сака да ме види?“ Мислам дека тоа е 100 отсто неверојатно. Се чувствував прекрасно и не можев да си поверувам. Јадевме тестенини и пица. Тој е неверојатна и забавна личност, а неверојатен беше и начинот на кој комуницираше со мене. Се дружевме четири и пол часа - вели Мили и додава дека Дауновиот синдром не е голема работа и не е пречка за еден ден да стане позната актерка.
Фото: Screenshot/BBC