X
 21.03.2022 Живот

Креативни работилници за одбележување на Денот на лицата со Даунов синдром и Денот на пролетта

Проектот „Students with special needs are smiling with art therapy“ се спроведува во партнерство со три основни училишта од Романија, Португалија и Турција и едно посебно училиште од Литванија

Посебното основно училиште „Иднина“ – Скопје, кое е трансформирано во Основно училиште со ресурсен центар, преку низа активности и работилници се приклучува на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром и на Денот на пролетта и екологијата – 21 Март. Училиштето истовремено одбележува и патронат, односно 50 години постоење и вршење воспитно-образовна дејност со ученици со посебни образовни потреби, како и една година основно училиште со ресурсен центар за поддршка на инклузивното образование.

Деновиве, во насока на зголемување на свесноста за учениците со попреченост и нивна поголема вклученост во општеството, реализирана е креативна работилница под мотото „Нашето виножито“, во која учествуваа учениците вклучени во редовна настава со образовни асистенти во вкупно 78 основни училишта од Скопскиот и Североисточниот Регион. Исто така, учениците учествуваа и во изработка на уметнички дела како дел од проектот „Students with special needs are smiling with art therapy“, финансиски поддржан од Турската национална агенција за спроведување Еразмус проекти.

Овој проект се спроведува во партнерство со три основни училишта од Романија, Португалија и Турција и едно посебно училиште од Литванија.
Од училиштето информираат дека се организира и Отворен ден со изложба од изработките од креативните работилници под мотото „Разбери...прифати...сакај...“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот