X
 13.11.2022 Живот

Овој европски град ќе воведе туристичка такса во 2023 година

Почнувајќи од јануари 2023 година, Рига ќе биде најновата европска дестинација што ќе наплаќа туристичка такса за ноќевање.

Главниот град на Латвија ќе наплаќа 1 евро за ноќевање за турист. Максималната такса ќе изнесува 10 евра, што значи дека туристите кои ќе престојуваат подолг период ќе бидат поштедени од плаќање високи суми.

Од градот изјавиле дека парите собрани со туристичка такса ќе се користат за спроведување проекти за поддршка на туризмот и развивање туристичка инфраструктура, како и промоција на Рига на меѓународно ниво.

Рига претходно планирала да воведе туристичка такса во 2021, но планот бил одложен поради пандемијата. Оваа такса нема да се наплаќа за деца и помлади од 18 години.

Туристички такси се наплаќаат во многу популарни дестинации, како Берлин, Амстердам, Рим, Венеција, Виена, Брисел, Лисабон и други.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот