Експертите за патување во агенцијата „Травелбег“ создале листа од градови кои ги сметаат за најубави за истражување навечер. Нивните критериуми за рангирање на најживописните градови за истражување во текот на ноќта ги вклучуваат бројот на означувања на „Инстаграм“, нивото на светлосно загадување и бучава и безбедноста.
Со своите облакодери, Дубаи е на врвот како најживописен град во светот во текот на ноќта, а веднаш по него е Токио. На посебна листа само за Европа, на врвот се наоѓа Рејкјавик во Исланд. Меѓу градовите кои важат за најживописни ноќе на Стариот континент, има и два града од Хрватска. Дубровник го зазеде второто место, додека Загреб е на петтата позиција на листата.
Најживописни градови во текот на ноќта во светот
1. Дубаи, ОАЕ
2. Токио, Јапонија
3. Сингапур
4. Маскат, Оман
5. Њујорк, САД
6. Хирошима, Јапонија
7. Кјото, Јапонија
8. Сиднеј, Австралија
9. Абу Даби, ОАЕ
10. Тајпеј, Тајван
Најживописни градови во текот на ноќта во Европа
1. Рејкјавик, Исланд
2. Дубровник, Хрватска
3. Хелсинки, Финска
4. Виена, Австрија
5. Загреб, Хрватска
6. Сан Себастијан, Шпанија
7. Минхен, Германија
8. Вилнус, Литванија
9. Мадрид, Шпанија
10. Лисабон, Португалија
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay