Доколку сакате да одите на одмор, но не сакате да го планирате, оваа идеја за патување ќе ви се допадне.
Агенцијата за крстосување „Униворлд бутик ривер крузес“ нуди 10-дневен мистериозен пакет кој ќе ги носи патниците на локации во Европа што ќе бидат изненадување. Во тие 10 дена патниците ќе истражуваат дестинации и ќе застануваат на локации кои ќе се чуваат во тајност до последната минута.
Гостите може да очекуваат секакви екскурзии, посети на ресторани и настани, а пред патувањето ќе добијат листа со индиции за локациите што ќе ги посетат. Пакетот чини 6.999 долари за лице и вклучува лет со авион.
Првото вакво крстосување е закажано за 12 јуни наредната година.
Автор: Екта Јоши
Извор:
luxurylaunches.com
Фото: Pixabay