X
 24.01.2022 Живот

Девојче преживеало снежно невреме во Русија благодарение на едно куче

Едно 10-годишно девојче преживеало цела ноќ при силно снежно невреме во Русија благодарение на едно куче. Имено, девојчето останало во прегратка на кучето во текот на ноќта и тоа ја спасило, известува Си-ен-ен.

Девојчето си заминало од училиштето во градот Углегорск минатата недела, но не се вратило дома. Градот се наоѓа на островот Сакалин, кој бил погоден од снег и силни ветрови кои достигнувале брзина и до 80 километри на час.

Властите и локалните жители го барале девојчето откако тоа било прогласено за исчезнато, а фокусот бил ставен на пребарување куќи со домашни миленици бидејќи девојчето било видено како игра со куче вечерта пред исчезнувањето.

Едно од лицата што биле вклучени во потрагата го нашол девојчето утрото. Малото девојче било во прегратка на кучето во куќарка за куче на отворено. Девојчето веднаш било однесено во болница и било заклучено дека е здраво.

Извор: CNN
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот