Обилните врнежи од снег во Унгарија предизвикаа сериозни проблеми во секојдневното функционирање на локалното население, но кај некои жители на зоолошката градина „Шоштo“ во градот Њиреѓхаза предизвикаа вистинска радост.
Две мали поларни мечиња првпат во животот видоа снег, а снимката на која си играат во снегот привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Зоолошката градина има поларни мечки од 2023 година, но не сите имале можност да видат снег. Овие младенчиња се родени во ноември 2024 година, а веста за нивното доаѓање на свет беше сензација низ цела Европа.
Радоста на близначињата Отек и Јорек е сосема разбирлива бидејќи во последните години ретко имале можност да видат снег, иако тој е составен дел од секојдневието на поларните мечки во природното опкружување.
Според зборовите на чуварите, првите денови со снег не се само игра за животните, туку и важен настан за нивниот развој.
Видеото покажува дека не сите животни го дочекале снегот со ист ентузијазам, но тигрите и поларните мечки очигледно уживале во него.
Зебрите, од друга страна, не биле многу среќни бидејќи нивниот простор моментално најмногу наликува на патека за санкање.
Извор:
021.rs
Фото:
Facebook