X
 14.01.2017 Забава

Работи што покажуваат дека имате словенско потекло

Дали некогаш сте се запрашале кои се разликите помеѓу словенско, кинеско, индиско, мексиканско или грчко семејство? Каков е менталитетот на Словените и кои се нивните карактеристики?

1. Живеевте/Живеете со семејството сѐ до вашата 27-ма година.

2. Сѐ што јадите мора да има лук и кромид.

3. На аеродромот единствено вие имате најголеми куфери.

4. На забава доцните еден или два часа, и мислите дека тоа е во ред.

5. Кога одите на гости кај вашата баба, можете да пиете само компот.

6. На телевизорот имавте миленце.

tv

7. Вашата мајка ви кажува дека сте премногу слаби иако имате 10 килограми плус.

8. „Нормално“ е ако на вашата свадба има 600 луѓе.

9. Најлонските ќеси по дифолт се чуваат за ѓубре.

10. Не користите чаши за мерка кога готвите - сѐ ставате од око.

11. Ако не живеете дома со вашите родители, кога ќе ви се јават родителите ве прашуваат дали сте јаделе, дури и ако е полноќ.

12. Вашите родители не сфаќаат дека телефонските линии се и тоа како подобрени, па кога зборуваат со странство викаат колку што е можно посилно.

13. Имате многу „брендирани“ производи сплетени од вашата баба.

14. Дома ги имате најдобрите и најновите кујнски апарати, меѓутоа вашата мајка готви во визбата/летната кујна на рерна од пред 40 години.

15. Вашата баба постојано ве предупредува да не седите на промаја, бидејќи ќе настинете.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава