X
 13.09.2023 Забава

Хотел нуди 10.000 долари за кучето што ќе биде одбрано за бренд-амбасадор

Ако имате куче, вашиот телефон веројатно е преплавен со фотографии од него.

Сега имате можност да ги споделите со остатокот од светот и да заработите пари. „Бејмонт бај виндхам“ бара кучешки бренд-амбасадор, така што вашето домашно милениче би можело да биде најсоодветно за оваа улога.

- За многу наши гости одморите едноставно не би биле целосни без нивните четириножни членови на семејството и токму поради тоа бараме куче кое ќе биде пример за тоа што значи да се биде верен придружник на патувањето - вели Грег Џордано, потпретседател за операции.

Во обид да го прикаже сместувањето погодно за домашни миленичиња, компанијата го лансира својот прв натпревар „Бејмонт пријател на годината“. Кучето што ќе победи ќе добие фотосесија и дигитален маркетинг. И тоа не е сè: сопственикот на кучето ќе добие награда од 5.000 долари, ноќевање во хотелот, членство во „Виндхам ривордс дајмонд“ и стипендија од 5.000 долари за да ги покрие сите трошоци за патувањето на кучето на споменатата фотосесија, која ќе се одржи во Албакерки, Њу Мексико, пред крајот на февруари 2024 година.

Кучето треба да биде добро воспитано, да ја сака камерата и пред сè да не прави проблеми при патувањето и да сака непознати луѓе.

Ако мислите дека вашето куче одговара на описот, можете да се пријавите со испраќање фотографија од вашето куче и опис од 250 збора, објаснувајќи зошто вашето домашно милениче е најдобар кандидат за титулата на baymontbuddy@wyndham.com. Додајте ги вашето целосно име, адреса и е-пошта.

Натпреварот завршува во 23:59 часот на 19 септември 2023 година, а победникот ќе биде објавен на 17 октомври 2023 година.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава