X
 14.01.2019 Култура

Помалку познати серии што треба да ги гледате

Минатата година беше одлична година за серии. И да, сите зборуваат за „The Haunting of Hill House“ или „Castle Rock“, но во случај да ви недостига материјал, ова се неколку серии што поминале незабележливо, а би можеле да ви се допаднат.

1. „Sorry for your loss“




Серијата е достапна само на фејсбук-стриминг платформата „Фејсбук Вач“. Во серијата Елизабет Олсен ја глуми Леиа, писателка чиј сопруг неодамна починал. Едноставно кажано, серијата раскажува за тоа како човек се соочува со тагата.

2. „Counterpart“




Интелигентна научнофантастична драма. Станува збор за шпионска приказна што спојува два паралелни света, две верзии на Земјата по крајот на Студената војна. Серијата има одлична оцена на „Ротен Томејтос“, а во неа се појавуваат познати имиња како Џ. К. Симонс и Оливија Вилијамс.

3. „The End of the F**cking World“



Иако оваа серија се појавува на листата со добри серии, се чини дека луѓето главно не знаат за неа или едноставно не стигнале да ја гледаат. Серијата го следи 17-годишниот Џејмс, кој мисли дека е психопат. Тој во серијата постојано пешачи со девојка од неговиот клас, Алисон, која на крај планира да ја убие.

4. „Easy“




Серијата во секоја епизода има различни ликови, но случувањето секогаш се одвива во Чикаго. Иако приказните се неповрзани, дејството секогаш се враќа на темата секс, романтика и меѓучовечки односи.

5. „On my block“




Серијата го следи животот на адолесцентите преполн со чудни, непријатни, небалансирани ситуации кои некогаш се позитивни, а некогаш негативни. Дејството се одвива околу животот на група тинејџери во средно училиште во Лос Анџелес.

6. „Detroiters“




Една од подобрите комедии за оваа година, а не беше забележана. Снимана само со една камера, серијата следи двајца пријатели, Сем и Тим. Тие заедно работат на нискобуџетни реклами во Детроит, но сакаат многу повеќе од тоа.

7. „Casual“



„Casual“ е една од првите серии од продукцијата на „Хулу“, а минатата година излезе четвртата сезона. Получасовната комедија/драма во првата сезона обработуваше теми за секс и излегувањето без обврски.

8. „American Vandal“



Серијата се базира на вистинските криминални случувања. Поточно, ги следи последиците од среднош
колската шега по која 27 професори и вработени од едно училиште завршиле со нацртани автомобили.

9. „Schitt's Creek“



Серијата веќе ја има петтата сезона, а неодамна на „Нетфликс“ се појавија и првите четири сезони претходно емитувани на помалку познатиот американски ТВ-канал „Поп ТВ“. Станува збор за мал град полн со чудни луѓе, во кој се преселува едно семејство кое мора да се приспособува на новото опкружување.

10. „Loudermilk“



Комедијата
следи поранешен алкохоличар и советник за одвикнување од алкохол кој баш и не е најведрата личност на светот. Иако го довел во ред пиењето, не го средил животот. Набрзо сфатил дека откажувањето од алкохолот била најлесната работа што морал да ја направи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура