Повеќето денешни актерски и музички ѕвезди завршиле некој вид школа на уметност. Но, некои ѕвезди имале сосема друга визија за иднината пред да се одлучат да бидат актери или пејачи. Кои ѕвезди завршиле факултети како криминологија и хемиско инженерство?
Крис Мартин
Фронтменот на групата „Колдплеј“ има диплома по грчки и латински јазик од лондонскиот универзитет. Во текот на студиите ги запознал своите сегашни членови на бендот: Вил Чампион, кој студирал антропологија, Џони Бакланд, кој студирал математика, и Гај Берман, кој студирал архитектура.
Џон Леџенд
Џон студирал англиски јазик, поточно африканско-американска книжевност и култура на Универзитетот во Пенсилванија. Во текот на студирањето пеел во хорови и во капела-групи, настапувал во мјузикли и пишувал свои песни.
Лиса Кудроу
Позната како Фиби од култната серија „Пријатели“, Лиса во 1985 година дипломирала биологија на факултетот „Васар“.
Ештон Качер
Иако често глуми ликови што не се баш интелигентни, Ештон студирал биохемиско инженерство на Универзитетот во Ајова. Актерот се запишал на факултет со надеж дека ќе пронајде лек за болеста од која боледува неговиот брат.
Натали Портман
Натали дипломирала психологија на Универзитетот „Харвард“. Актерката дури и ја пропуштила премиерата на филмот „Војна на ѕвездите Епизода 1: Фантомската закана“ затоа што учела за испитите.
Двејн Џонсон
Сите знаеме дека Двејн беше еден од најдобрите борачи во светот пред да заплива во актерските води, но помалку е познато дека во 1995 година дипломирал криминологија и психологија на Универзитетот во Мајами.
Ева Лонгорија
Очајната домаќинка Ева Лонгорија пред почетокот на нејзината актерска кариера студирала кинезиологија.
Долф Лундгрен
Шведскиот актер студирал хемиско инженерство пред да биде ставен во рингот со Силвестер Сталоне во филмот „Роки“.
Мајим Биалик
Мајим почнала да глуми уште како тинејџерка, а досега се има појавено во многу филмови и серии. Најпозната е по улогата на невробиологот Ејми во серијата „Бубалици“. Помалку познато е дека Мајим во 2007 година докторирала невробиологија, а подоцна
дипломирала и јудаизам и хебрејски јазик.