X
 25.07.2018 Живот

Животни лекции кои ќе ги научите на факултет

На факултет ќе научите многу, навистина многу. Професорите и асистентите ќе се потруат да ви пренесат многу знаење за да станете вистински експерти во вашата струка. Но, многу од тоа знаење нема да го искористите никогаш повеќе. Она што е битно ќе го научите самите и тоа ќе бидат некои навистина вредни животни лекции.

Во средно училиште колку понапред седевте, толку бевте „повредни“. Овде, никому не му е гајле за вашето место на седење. Вистината е дека секој си ја гледа својата работа и иако се согласувате многу добро со некои колеги, тие нема да ја стават раката во оган за вас. Овде сте оставени самите на себе и самите ќе го завршите факултетот. Не очекувајте никаква помош од никого, бидејќи најверојатно нема да ја добиете.

На факултет ќе правите многу грешки, а од истите вие мора да учите. Не дозволувајте да направите една глупост два пати, не сте деца, веќе сте доволно возрасни за да одговарате за вашите постапки и да стоите зад нив.

За време на студирањето ќе гледате секакви постари луѓе и ќе велите дека нема да бидете како нив. Вистината е дека ќе станете сѐ што сте кажале дека нема да бидете. Факултетот е последен период за редовна забава и постојан излив на адреналин. По студиите ќе работите и ќе бидете оставени сами на себе. Уживајте додека сте тука, но притаено подготвувајте се животот кој ве очекува.

Мора да научите да ги решавате проблемите со пријателите доколку сакате да ги задржите. Незборување со некого една недела не решава ништо, ниту лутењето како мало дете. Никој не сака да биде пријател со дете, затоа покажете дека сте доволно возрасни за да бидете сечиј пријател.

Тука ќе има многу луѓе кои нема да се согласуваат со вашите мислења. Прифатете го тоа и преминете преку истото. Никогаш нема да го промените тоа и нема потреба од трудење за тоа. Тоа е исто како да се расправате со родителите, само што родителите имаат поголеми шанси да престанат да врескаат и да поверуваат дека сте во право.

Научете да го балансирате времето. Имајте време за одмор, време за работа и време за забава.

Морате да разберете дека речиси сѐ што сте знаеле пред да дојдете на факултет е најверојатно погрешно, посебно кога станува збор за животот. Факултетот е одличен за запознавање на различните карактери на луѓето, за функционирањето на светот, за вистинскиот начин на живот.

Може да бидете неверојатно паметни, но и целосно глупави во исто време. Можеби знаете сѐ за еден предмет, но тоа не значи дека не сте ужасно лоши во некоја едноставна работа од друга област. Не се правете паметни, секогаш ќе има некој што знае нешто што вие не сте го знаеле. Луѓето учат додека се живи.

Ќе има луѓе кои ќе ве инспирираат. Тоа не се секогаш професорите, туку многу често се луѓе слични како вас. Ценете ги ваквите луѓе и учете од нивните постапки.

Конечно, знајте дека учењето на животните лекции нема да заврши со факултетот. Никогаш нема да знаете сѐ и тоа е во ред, никој не знае. Нема никаква голема тајна која возрасните ја знаат, а ние не. Секој е различен и го крои животот како што му одговара. Вие ќе бидете доволно паметни да знаете дека нема добар или лош начин на живот и ќе ги направите изборите кои се добри за вас, не оние кои ви се попривлечни.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот