X
 14.01.2021 Наука

Ова животно речиси не се променило во последните 200 милиони години

Крокодилите речиси не се промениле во последните 200 милиони години. Во нов научен труд, научници од Велика Британија објаснуваат како овој „жив фосил“ останал непроменет уште од времето на диносаурусите.

Научниците користеле техника за претставување математички модел со податоци за еволуцијата на животинските видови. Како што објаснува водечкиот автор Макс Стокдејл од Универзитетот на Бристол, фосилите пронајдени од крокодили стари 200 милиони години покажуваат дека тие изгледаат неверојатно слично на крокодилите денес.

Математичкиот модел покажал дека денес има 25 различни вида крокодили кои се многу слични, иако се класифицираат како различни видови.

Според истражувањето, некои видови крокодили што постоеле порано изумреле поради климатски настани, но видовите крокодили што ги имаме денес продолжиле да живеат без значително да се менуваат.

Објаснувањето за овој феномен е дека крокодилите имале среќа да ги поседуваат квалитетите кои им овозможиле да преживеат во речиси секакви услови во последните 200 милиони години. На пример, тие може да преживеат долг период без храна.

Автор: Керолин Делберт
Извор: popularmechanics.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука