X
 14.02.2020 Забава

„Нинтендо“ ќе постави системи за играње на неколку аеродроми

За многумина, нема ништо поздодевно од чекањето на аеродром. Од друга страна, задолжително е предвременото пристигнување. „Нинтендо“ ветува дека ќе го реши проблемот.

Компанијата ќе постави системи за играње „нинтендо свич“ на одредени аеродроми кои патниците може да ги користат додека го чекаат својот лет. Во малите киосци ќе има простор за седење и играње на некои од игрите што ги објавува компанијата.



Фото: Nintendo

По играњето, патниците ќе може да порачаат системи за играње од „Нинтендо“, но и игри за истите системи. Оние што ќе порачаат нешто на аеродромите ќе добијат бесплатна торба со својата нарачка. Оние што ќе играат на системите во аеродромите, исто така, ќе добијат бесплатен додаток за куфер и купон за попуст.

За жал, ваквите киосци ќе бидат поставени во ограничен број аеродроми. За почеток тоа ќе бидат аеродромите во Вашингтон, Сиетл, Чикаго и Далас во САД. Киосците ќе бидат отворени од средината на февруари во крајот на март.

Извор: distractify.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава