На овогодишниот „E3“, најмасовниот гејминг саем во светот, ќе има многу „Star Wars“ - примарно преку „Battlefront 2“, продолжението на солидно прифатениот мултиплеер наслов „Еlectronic Arts“ кој сега ќе вклучува и синглплеер кампања.
Денес во Лас Вегас официјално започнува овогодишниот „E3-Elexctronic Entertainment Expo“, а водечките издавачи овој викенд започнаа да најавуваат што ќе прикажуваат. Освен новиот „Star Wars Battleront“, „EA“ најави доста интересни работи, како „A Way Out“, игра за бегство од затворот направена за играње со пријателите која може да се игра исклучиво во сплит-екран.
Ова се уште неколку од претставените наслови, трејлери и гејмплеј клипови.
„Anthem“, нова игра на креаторот на франшизата „Mass Effect“.
„Star Wars Battlefront 2“ со нов синглплеер мод и „Darth Maulom“.
„Need for Speed Payback“, овој пат евидентно инспириран од популарната филмска франшиза „Fast & Furious“.
„Fifa'18“, со продолжение со приказна за фиктивното чудо од дете Алекс Хантер.
Освен „Electronic Arts“, останатите
издавачи ќе започнат да ги претставуваат своите најважни наслови.