X
 02.06.2024 Забава

10 мали градови што се неоткриени бисери

Многу познати европски дестинации можат да се пофалат со шарени куќи и улици кои привлекуваат внимание и многу туристи.

Сепак, постои еден град во Шпанија кој сè уште е добро чувана тајна, а тоа е Виљахојоса. Во овој град исто така има преубави фасади покрај прекрасната плажа и е чудо што сè уште не е преплавен со туристи. Градот има околу 35 илјади жители, а годинава се најде на врвот на листата со најдобри тајни дестинации што ја објави страницата „Јуропиан бест дестинејшнс“.



На списокот има и мал град во Хрватска, кој иако летно време е преполн со туристи, не е толку познат. Станува збор за Примоштен, кој го зазеде високото трето место.

На второ место се најде уште една шпанска дестинација - Арес дел Маестре, додека на четвртото е Бокод во Унгарија. Во топ-10 се најдоа и Наантали (Финска), Бур (Фарски Острови), Блаванд (Данска), Улм (Германија), Алжезур (Португалија) и Дартло (Грузија).

Извор: b92
Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава