Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, кој неодамна беше испратен во вселената, ја направи првата фотографија, која всушност е селфи.
Фотографијата била направена со специјална леќа која им помага на научниците да ги калибрираат огледалата на телескопот додека тој се подготвува за работа. На фотографијата се гледа едно огледало кое е осветлено, а тоа е така бидејќи е поставено да биде насочено кон ѕвездата што ја гледа телескопот во моментот, според американската вселенска агенција НАСА.
Вселенската агенција ќе ги мести сите огледала на телескопот во следните три месеци.
Ѕвездата што ја гледа телескопот е ХД 84406 и се наоѓа во соѕвездието Голема Мечка. Таа била одбрана бидејќи лесно се препознава и околу неа нема многу ѕвезди со слична светлина.
Извор:
Futurism
Фото: Pixabay