Објавена е првата фотографија во боја направена со телескопот „Џејмс Веб“. Се вели дека фотографијата, направена во инфрацрвен спектар, го покажува најдалечниот поглед на универзумот досега.
На неа се гледаат светли точки кои претставуваат галаксии. Потребни биле милијарди години за светлината од овие галаксии да стигне до нас. На фотографијата се гледа група галаксии кои се наоѓаат барем околу 4,6 милијарди светлосни години од нас.
Фотографијата била официјално претставена од страна на американскиот претседател Џо Бајден.
Телескопот „Џејмс Веб“, вреден 10 милијарди долари, беше лансиран во вселената на 25 декември. Се очекува да прави фотографии од најстарите ѕвезди во универзумот кои постоеле пред над 13,5 милијарди години. Освен тоа, телескопот треба да анализира далечни планети за да види дали на нив постои живот.
Вселенските агенции на САД, Европа и na Канада треба да објават уште фотографии направени со телескопот за време на презентација, која ќе се одржи во 15:45 според средноевропско време. Презентацијата може да ја следите на видеото подолу.
Извор:
BBC
Насловна фотографија: NASA