X
 25.05.2018 Наука

Научници забележале силна радијација од длабочината на вселената



Проучувањето на радијацијата од длабоката вселена доведе до научно откритие кое би можело да фрли ново светло на брзите блесоци на радио-сигнали кои извесно време се забележуваат на Земјата.


Вселена
(Фото: Pixabay)


Истражувачите најпрво забележале две ѕвезди кои орбитираат една околу друга, меѓусебно оддалечени околу 20 километри, односно  6.500 светлосни години од Земјата.

Едната ѕвезда е студена и лесна, наречена кафеаво џуџе. Втората е енергична и брзо се врти околу својата оска, а позната е како пулсар, пишува „Индипендент“.

„Се чини дека гасот што го емитува кафеавото џуџе го зајакнува енергетското дејство на пулсарот, што резултира со светли траги од зрачење“, објаснува Роберт Мејн, водечкиот научник на истражувањето што беше објавено на 24 мај во списанието „Нејчр“.

„Ние, во суштината, го набљудуваме пулсарот преку природна лупа, која периодично ни дозволува засебно да гледаме две области“, додава тој.

Овие две ѕвезди чинат систем кој некогаш се нарекувал „црна вдовица“. Како што женката-пајак го јаде својот сопруг, така и пулсарот еден ден би можел да го проголта кафеавото џуџе.

Ова откритие би можело да ги објасни мистериозните блесоци на радио-сигнали кои повремено стигнуваат до Земјата, а на кои не им се знае потеклото.

„Многу својства на ФРБ (брзи радио-блесоци) би можеле да се објаснат со зголемување преку лупа од плазма. Пулсирачките сигнали кои ги забележивме во нашата студија имаат исклучително голема сличност со ФРБ“, заклучува Мејн.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука