X
 14.03.2016 Наука

Интересни факти кои не сте ги знаеле за бројот Пи

Архимедовата константа или Лудолофовиот број се дефинира како однос на обемот и дијаметарот на кругот. Во поширока употреба името на овој број е Пи, а се обележува со малата грчка буква π. Ви откриваме неколку интересни и непознати факти за овој број.

1. 14 март е Светски ден на бројот Пи поради една очигледна причина. Во некои земји најпрво се пишува месецот, а потоа денот, па така 3/14 е денот на бројот Пи. Освен тоа, на денешен ден во 1879 година е роден Алберт Ајнштајн, еден од најголемите физичари на сите времиња.

2. Првиот човек кој одлучил да го прослави бројот бил физичарот Леру Шо, во 1988 година. Со своите колеги марширал во салата во музејот Експлораториум во Сан Франциско, а после тоа јаделе овошна торта. Низ годините јаделе и пица, а единствено нешто што било важно пред изборот на јадење било да има кружна форма.

3. Иако е познато дека Пи постои веќе 4.000 години и се користел од Вавилонците, а дури во 1706 година буквата π е избрана како симбол за овој број. Тоа го направил англискиот математичар Вилијам Џонс.

4. Светскиот рекорд во бројот на запомнети децимали на бројот Пи го држи Лу Чао. Според Гинисовата книга на рекорди тој запомнил 67.890 бројки за што му биле потребни 24 часа и 4 минути да ги каже.

5. Во првите 100.000 децимали на бројот Пи, најчесто се повторува бројот 1.

6. Пи е ирационален број и не може да се претстави како дропка.

7. На првиот компјутер ENIAC од 1949 година му биле потребни 70 часа да ги открие првите 2.000 децимални места на бројот Пи.

8. Рекордот за најмногу децимали на бројот Пи го држи Фабрис Белард. Тој го пресметал Пи до 2.7 милијардити децимали на обичен компјутер.

9. Постои филм наречен „Pi“ од 1998 година. Филмот раскажува за осамениот, параноичен математичар Макс чиј живот бил управуван од броевите. Неговиот начин на живот ги привлекува неколку ликови да го следат. Режисерот е Дарен Аронофски.

10. Некои луѓе веруваат дека Пи ги има одговорите на прашањето за бесконечниот универзум.

11. За да кажете 6.4 милијарди децимали на бројот Пи, потребни ви се 133 години без пауза.

12. Во епизодата „Wolf in the Fold“ од серијата „Star Trek“, ФОлд Спок уништува лош компјутер такашто му наредува да го пресмета последниот број на Пи. Со тоа тој е единствениот човек кој проблемот го решава рационално, користејќи ирационален број.

13. Поради бројот Пи, кругот всушност нема нула агли но постојат бесконечен број.

14. Мајкл Блејк ги претворил децималните броеви во ноти и така бројот Пи го претворил во музика. Слушнете како звучи.

 

15. Постои Клуб на пријатели Пи, чија цел е да го поддржуваат, унапредуваат и слават духот на бројот Пи.


16. „Givenchy“ продава машки парфем наречен Пи, а се карактеризира како средство за нагласување на сексуалноста на интелигентниот маж и визионер.

17. Постои игра за бројот Пи, кој го проверува вашето знаење. Тука можете да го проверите вашето знаење.

18. Дали знаете дека 3.14% од морнарите се Пи-рати?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука