X
 14.03.2019 Економија

„Боинг“ за само 2 дена изгуби повеќе од 20 милијарди долари

По несреќата во Етиопија, падот на акциите на американската компанија „Боинг“ ѝ ја намали пазарната капитализација за повеќе од 20 милијарди долари.

Дводневниот пад на акциите на компанијата ја намали пазарната капитализација на „Боинг“ за повеќе од 20 милијарди долари бидејќи сè повеќе држави го приземјуваат авионот на „Боинг“ од типот „737 МАКС 8“ по трагичната несреќа во Етиопија.

Акциите на компанијата во вторник, по отворањето на Вол стрит, паднаа за 3,2 отсто, на 387,10 долари, по падот во понеделникот од 5 отсто.

Од авионската несреќа во Етиопија, кога во падот на авионот загинаа 157 лица, најмалку 7 од 24 аналитичари извршија ревизија на рејтингот на „Боинг“, со две намалувања на рејтингот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија