X
 31.10.2016 Наука

Разоткривање на мистериите за авионска несреќа од 1985 година

Во 1985 година, на денот на Нова Година, се случила авионска несреќа со Боинг 727 во планините во Јужна Америка со 29 луѓе. До денес таа е една од најголемите мистерии во воздухопловството.

трагачи по авион


Летот 980 на Eastern Airlines Flight
патувал од Парагвај до САД преку Боливија и Еквадор. Сепак, не успеал да слета во Ла Паз затоа што се срушил во планината Илимани и пристапот до остатоците не бил возможен поради снежни врнежни. Два месеца подоцна планинари од Боливија успеале да дојдат до теренот кога нашле само багаж и остатоци од авионот. Немало никакви тела ниту црни кутии. Дури и по пет успешни обиди за пробиравење до местото на настанот, не било пронајдено ништо. Почнале да се шират и теории на заговор со многу поставени прашања.

Одговори за мистеријата има дури сега

Новинарот Петар Фрик-Рајт од OutsideOnline придружувал двајца негови пријатели на мисија за потрага по изгубениот авион: Дан Фуртел поранешен војник кој служел во Ирак и Исак Стонер, биотехнолог дипломиран на Харвард.

Додека го испитувале пределот во повисоките делови на планината се соочиле со недостиг на кислорот и токму во тие моменти на патот им се испречиле остатоци од авион што локалното население ги носело до рудникот за ураниум во близина. Првото тело го пронашле на пладне во првиот ден од барањето: коска од бедро долга околу 10 сантиметри, а кожата и мускулите сé уште стоеле на неа. Потоа пронашле уште една коска.

Нашле и делови од трупот на авионот и моторот како и седишта и детски чевли, како и крокодилска и змијска кожа што веројатно била шверцувана за производство на чанти. Двајцата трагачи почнале да се прашуваат што било пронајдено од другите тимови што дошле тука и дали навистина немаат никакви информации.

Црната кутија е пронајдена

Спротивно на името, црните кутии се портокалови и содржат снимач на глас од пилотската кабина и податоци за летот. Издржуваат на висока температура и притисок и ектремни влијанија. Многу пати се посомневале дека одреден предмет од теренот може да има огромно значење, но токму во моментот кога се откажале и застанале да ручаат, го пронашле портокаловиот снимач на глас, кој се чинело дека е таму за сето време додека трагале.
Планирале да го однесат доказот во Амбасадата на САД во Ла Паз, но сепак се решиле да го земат во Америка и да одбегнат административни процедури, но со тоа само го прекршиле законот. Легално, земјата во која се случува несреќата има и одговорност за истрагата.

Дали мистеријата е разрешена?


Според Фрик-Рајт најверодостојната приказна е дека несреќата се случила поради недостиг на радар, јазична комуникација меѓу пилотите и земјениот екипаж, бура и малку тренинг. Американското здружение за воздухопловство и пилоти дополнува дека имало многу недостатоци на таблата за навигација. Поранешни истражувач кој работел на случајот изјавил дека системот постојано управува летови помеѓу Парагвај и Боливија осум километри надвор од курсот во правец на планината Илимани. Сепак, Фрик-Рајт вели дека ова можеби се само шпекулации, а случајот воопшто не е затворен, само помалку отворен.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука