Многумина во обид да го намалат загадувањето на околината понекогаш прават грешки и дополнителна штета за која не се свесни. Во продолжение следуваат некои навики за кои многумина сметаат дека се добри за околината, но не се.
Погрешно рециклирање
Рециклирањето на отпадот е добро, но многумина прават грешки додека рециклираат. Некои од овие грешки се оставање храна во садовите што се рециклираат, рециклирање на сите видови пластика, дури и онаа пластика што не се рециклира и фрлање садови кои освен пластика содржат и други материјали во отпадот за пластика.
Хартиени чаши за кафе
Повеќето чаши од хартија што се користат за кафе не се направени само од хартија, туку се обвиткани со пластичен материјал. Тие не може да се рециклираат поради пластичниот материјал.
Непотребно пазарење
Рециклирањето е само еден дел од одржливиот начин на живот. За да живеете одржливо, треба да купувате помалку работи и почесто да ги користите старите работи што ги поседувате, меѓу кои се и садовите и облеката.
Хартиени кеси
Хартијата побрзо се разложува од пластиката, но проблемот со производството на хартиени кеси е во тоа што со самиот процес се ослободува повеќе јаглероден диоксид во атмосферата отколку при производството на пластичните кеси. Освен тоа, при производството на хартија се сечат повеќе дрвја.
Фото: Pixabay
Купување предмети што се добри за околината
Инспирирани да направите промена, можеби сакате да одите и да купите еколошки предмети наместо да продолжите да ги користите тие што ги имате. Реалноста е дека ќе купите нови предмети пред да имате потреба за тоа, а така не водите одржлив начин на живот.
Пластични растенија
Многумина се одлучуваат да купат пластични растенија за да заштедат вода. Но, ова е грешка, според експертите. Пластичните растенија штедат вода, но тие се пластични, а пластиката е лоша за околината бидејќи бавно се разложува. Освен тоа, пластиката нема никакви поволности за околината, додека живите растенија помагаат во прочистувањето на воздухот од јаглероден диоксид.
Користење биоразградливи кеси за отпад
Користењето биоразградливи кеси за собирање на сметот на кучето и сличен отпад може да биде штетно за околината бидејќи сите биоразградливи кеси не се разложуваат во сите услови и на секоја почва.
Фото: Pixabay
Купување органска храна и облека
Органската облека и органската храна не се секогаш позитивни за околината. Како што беше кажано, купувањето нови работи не се препорачува освен доколку навистина има потреба од нова облека или нов предмет. Така, повеќе се препорачува да се купува веќе носена облека.
Кога станува збор за органската храна, јадењето органски јаткасти плодови од Бразил звучи здраво, но доколку не живеете во Бразил, тогаш тие требало да се пренесат до вашето место на
живеење, со што се испушта јаглероден диоксид. Подобро е да се јаде локална храна купена на локалните пазари.
Автор: Лорен Кан
Извор:
rd.com