Малиот атол во рамки на коралниот гребен на Белизе е оддалечен 100 километри од копното и од градот Белизе Сити. Дупката има кружен облик, со дијаметар поголем од 300 метри и длабочина од 125 метри. Се формирала како варовнички пештерски систем во последната ледена доба, кога нивото на морето било значително пониско. Кога нивото на океанот почнало да се зголемува, пештерата била потопена, а покривот се урнал. Големата сина дупка ја прославил францускиот истражувач, Жак-Ив Косто, кој во 1971 година ја прогласил за едно од десетте најдобри места за нуркање во светот.
The Grand prismatic spring, Америка
Најголемиот термален извор во Америка, инаку трет во светски рамки. Се наоѓа во Националниот парк Јелоустоун и е препознатлив по својата единствена боја што одговара на дисперзираните бои на виножитото – црвена, портокалова, жолта, зелена и сина. Широк е околу 90 метри, а првите записи од неговото откривање датираат од 1839 година. Тајната на шаренилоста е во разнобојните бактерии што настануваат околу рабовите на изворот на пролет.
Поларната светлина
Аурора Бореалис или поларната светлина е природен феномен што настанува кога големи количини честици што се создаваат за време на соларна експлозија се судираат со магнетскиот штит на Земјата. Тоа што се гледа на фотографијата е резултат на овој уникатен природен феномен (и се случува 100 метри над нашите глави), а најбаво се гледа во периодот од есен до средината на април.
Шилин, камената шума во Кина
Сместена во покраината Јунан во Кина, камената шума или Шилин, во суштина е збир од варовници. Се простира на повеќе од 350 километри квадратни, а камените игли се стари околу 270 милиони години. Извираат од земјата и изгледаат налик скаменети стебла и создаваат илузија за камена шума. Според една легенда, шумата била некоја убава девојка која се претворила во камен во шумата, откако ѝ било забрането да се венча со човекот што сама си го избрала.
Кањонот Парија во Аризона, Америка
Познат и по името Бран, овој кањон е тешко достапен, бидејќи за негово разгледување дневно се издаваат само 20 дозволи. Од нив, десет се даваат преку онлајн лотарија.
Преминот на џиновите, Северна Ирска
Оригиналното име му е Giant’s causeway, претставува подрачје од 40.000 базалтни столбови што настанале од вулканска ерупција во палеогенот (пред 50 до 60 милиони години). Се наоѓа на брегот на Северна Ирска, три километри северно од градот Бушмилс.
Во 1986 година, Преминот е ставен под заштита на УНЕСКО и претставува единствен пример на брзо ладење на базалтна лава што продрела низ варовничкото плато, при што испукала во облик на споени столбови. Денес со ова популарно туристичко место управува државна комисија во Северна Ирска.
Реката Кано Кристалес, Колумбија
Често ја нарекуваат и „воденото виножито“. Доминанти бои ѝ се сината, зелената, жолтата, црната и повеќе нијанси на црвена боја. Најубава за посета е во периодот меѓу јули и декември.