Голем број посетители се восхитуваат на плафонот во Систинската Капела повеќе од 500 години.
Фото: YouTube screenshot
На 33 години, Микеланџело Буонароти го започнал проектот, во 1508, а завршил со цртање во 1512 година. Цртал претежно стоејќи. Тоа му предизвикало силни главоболки и болки во мускулите. Микеланџело бил веќе познат скулптор, а така и се гледал себеси, а цртањето не го сфаќал толку сериозно. Но, крајниот резултат на цртежите во Систинската капела е навистина воодушевувачки - девет сцени од Стариот завет и уште 300 други фигури. „Креацијата на Адам“, каде што прстите на Бог и Адам речиси се допираат, е едно од најпознатите уметнички дела во историјата.
Бидејќи било период на Ренесанса црквата била исклучително строга. Фасцинантно е што најголемите артисти во своите дела од тој период криеле многу тајни. Во „Креацијата на Адам“ експертите откриле скриена форма на човечки мозок во фигурата на Бог. Се верува дека значењето е доделувањето на интелигенцијата на луѓето од страна на Бог. Облакот позади Бог исто така, се смета дека е во форма на мозок. Други пак, наоѓаат форми на човечки бубрези на насликаното дело. Тоа има смисла, бидејќи артистот страдал од камчиња во бубрезите.
Микеланџело всушност, во своите дела ја исцртувал и човековата анатомија. Многумина тоа не можат да го забележат, освен ако не се научници од таа област. Освен со машката анатомија, истражувачите забележале и делови од женската анатомија во неговите дела. На некои слики, жените се во преден план, па тоа се поврзува и со оддавање почит на жената, бидејќи во тој период, доминирале мажите.
Скриените симболи во уметничкиот опус на
Микеланџело се признание на извонредноста на жената, комплексноста на човековиот организам, величање на човековиот ум, но и спротивставување на тогашните црковни догми.
За да дознаете повеќе за тајните пораки во уметноста од периодот на Ренесансата, погледнете го видеото: