Италијанците се познати по љубовта кон кафето, но додека повеќето уживаат во еспресото поради неговиот вкус, уметницата Џулија Бернардели го цени поради креативниот потенцијал. Истуреното кафе го претвора во уметнички дела кои изгледаат како детални слики со акварел.
Многумина од нас го започнуваат денот со шолја кафе, но и Бернардели се препушта на доза инспирација. Во биографијата на уметницата на „Инстаграм“ пишува: - Мојата иднина започнува кога се будам секое утро. Секој ден наоѓам нешто креативно за мојот живот.
Патувањето на Бернардели кон создавање уметност од кафе почнало случајно. Еден ден таа случајно истурила кафе врз нејзиното платно додека работела. Но, наместо да го исчисти, зела лажица и ја искористила за да ја насочи кафеавата течност околу белиот простор.
Денес Бернардели продолжува да користи лажици наместо четка за боја, но користи и кибритчиња за да постигне сложени детали.
Од архитектонски скици до човечкото лице, Бернардели црпи инспирација од секаде. Таа ги нацрта и „Мона Лиза“, „Создавањето на Адам“ и „Раѓањето на Венера“ користејќи истурено кафе.
Откако се прослави како почитувана „уметница на кафе“, Бернардели почна да твори користејќи и други начини. Таа создава уметност од стопен сладолед, овошје, зеленчук итн.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Instagram