При ископувања во Помпеја е откриена штала со остатоци од древен тркачки коњ.
(
Фото: Cesare Abbate / ANSA via AP)
Надлежните за археолошката локација во Помпеја во четвртокот прикажале
остатоци од коњ од кои може да се заклучи дека коњот лежел на левата страна кога загинал.
Директорот Масимо Осана рекол дека коњот бил чистокрвен и најверојатно бил користен за трки, а не за работа.
Делови од градот уништени од ерупцијата на Везув во 79 година од новата ера и натаму чекаат на ископување. Шталата ѝ припаѓала на една вила на северната периферија на Помпеја.
При ископувањето на вилата биле пронајдени и кујнски предмети и делови од дрвен кревет.