Колеџот „Итон“ почна да ги учи своите ученици да велат „благодарам“ за да бидат поемпатични.
Ова училиште во Беркшир во својата наставна програма додаде благодарност, љубезност и емпатија во обид да ја зголеми емпатијата кај своите привилегирани студенти.
Овој потег следувал по внатрешната анкета во која наставниците и студентите биле прашани за вредностите што училиштето треба повеќе да ги промовира.
Џони Нојкс, шеф на наставата во „Итон“, тврди дека учениците можат да се научат како да се грижат повеќе за чувствата на другите луѓе.
- Можете да научите емпатија - тоа не е вградена особина. Се работи за имагинативна идентификација со другите. Можете да ги научите луѓето да ја користат и да ја надминат нивната недоверба - вели тој.
Сега, студентите од „Итон“ учат како во текот на денот да изразат благодарност бидејќи други луѓе им помогнале и за што треба да им се заблагодарат.
Нојкс вели дека едноставните дела на добрина може да вклучуваат пишување картички за благодарност.
- Не мора да бидете привилегирани за да бидете
благодарни - сите ние можеме да бидеме благодарни - вели тој.