X
 29.10.2018 Образование

Читањето на лектири за учениците од регионот е губење време

Наставата по литература со придружен материјал за читање - лектира, никогаш не биле на високо на листата на афинитети на учениците, ниту во основно, ниту во средно училиште. Лектирата всушност подразбира времето кое учениците, особено тинејџерите, го сметаат за слободник па задачите од типот „да се прочита лектирата до крајот на неделата“ го доживуваат како упад во воннаставната слобода.

Книгите што треба да се прочитаат се делат на „дебели“ и „помалку дебели“, нивните интепретации со секое одделение понатаму стануваат посложени.

citanje
Фото: Storyblocks


Има и такви, иако малку, кои уживаат читајќи, но не се помируваат секогаш со изборот на дела од листата на задолжителни лектири. Но, треба да се знае дека лектирата е особено важна не само затоа што ги проширува интелектуалните хоризонти, го збогатува речникот, ја развива имагинацијата, ги вежба умствените мускули туку и затоа што се содржи од домашна и светска култура.

Од година во година, истражувањата покажуваат дека повеќето ученици читањето на лектирите го сметаат за губење на времето. Тие денес се склони кон инстант содржини и скратени верзии од книжевните дела - без многу описи за природата и менталните состојби на главните ликови.

Експертите велат дека, причината зад нечитањето на лектири се наоѓа новото, епохално доживување на времето. Денешниот свет се наоѓа среде делување на средствата за масовна комуникација со висока информатичка брзина, површност, спектакуларност, медиумско производство на реални или фиктивни атракции. Книжевноста е бавна и длабока уметност, за неа е потребно време.

Тука се поставува основното прашање: Кој денес има време? Доколку го пронајде, поголемиот дел од популацијата би го потрошило на забава, а не на читање.

Енвер Казаз, професор на Филозофскиот факултет во Сараево, смета дека во лектирите квантитетот го убива квалитетот.

-Треба да се каже дека сите наши лектири, од Словенија до Македонија, се обележани со таканаречениот квантитативен модел, што поголем број на писатели и дела. Мислам дека треба да се стави акцент на квалитетот. Помал број на писатели и дела и врвна анализа на делата. Овие квантитаивни лектири се одбивни за учениците, особено затоа што лектирите влегуваат во архаични дела што немаат никаков семантички контекст со денешната општествена состојба и интересот на младите луѓе - вели Казаз.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование