X
 14.06.2017 Живот

Фасцинантни факти за пасошите кои веројатно не сте ги знаеле

Веројатно веќе ги припремивте пасошите за летните одмори. Еве неколку факти за нив.

Првиот пасош е споменат во Библијатa, во книгата на Неемија, кога на персиски службеник му било изработено писмо од кралот Артаксерксес Персиски, побарувајќи од „гувернерите зад реката“ да му дозволат безбеден премин на неговите патувања низ Јудеја. Првиот регуларен пасош е изработен во Англија од кралот Хенри V во 15 век. За британските пасоши во Првата светска војна не била потребна фотографија.

Израелскиот пасош не е прифатен во 16 земји: Сирија, Судан, Иран, Иран, Јемен, Либија, Алжир, Бангладеш, Бурнеи, Кувајт, Либан, Малезија, Оман, Пакистан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

На сопствениците на ерменски пасош не им е дозволено да патуваат во Азербејџан поради конфликт меѓу земјите за областа Нагоро-Карабах.

Кориците на секој национален пасош се изведени од четири главни бои: црвена, зелена, сина или црна.

Повеќето земји со муслиманско мнозинство имаат зелени пасоши. За нив таа боја има религиозно значење.

Некои народи имаат уникатни светли бои на своите пасоши. Тие избираат боја со која ќе се разликуваат за да го истакнат својот идентитет, како Швајцарија и Сингапур.

Скандинавските пасоши се во бела, тиркизна или во црвена боја. Страниците на шведскиот пасош светат под ултравиолетова светлина.
 
Канадските пасоши исто така кријат трик. Под ултравиолетова светлина страниците „оживуваат“.
 
Печат нема да добиете во Ватикан и покрај тоа што е најмала држава.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот