X
 25.02.2016 Култура

Интересни и малку познати факти за Русија

Русија е најголемата нација во светот. И покрај тој факт, се чини дека светот знае многу малку за оваа култура. Така, повеќето луѓе не знаат дека...


Насмевката во Русија има значење

Во Русија, насмевката е лична. Не е прифатливо да се насмевнете некому кого не познавате. Така, таму нема да најдете продавач со насмевка. Русите им се насмевнуваат само на луѓето кои им се допаѓаат или со кои сакаат да бидат блиски.

Во Москва има ресторан во кој работат само близнаци

Кога станува збор за храната, Русија има уникатни ресторани. Ресторанот „Twin star“ во Москва е интересен бидејќи во него работат само близнаци. Мотивацијата на сопственикот била идеја од филмот „Kingdom of crooked mirrors“ од 1964 година.

Метрото во Москва е едно од најубавите во светот

Под улиците на Москва се наоѓа цел свет полн со прекрасна архитектура - метрото. Таму има статуи, мозаици и мурали кои се фасцинантни.


Не е легално да се возите со валкан автомобил

Според законот, не е легално да се возите со валкан автомобил. Возачот на валкан автомобил треба да плати глоба, особено ако регистарските таблички се нечисти.

Рускиот император Петар III обесил стаорец

Петар III владеел со Русија 6 месеци во 1762 година. Во негова биографија пишува дека тој ги сакал своите војници толку многу што наредил бесење на стаорец кој му ја изгризал главата на еден војник.

Има најмалку 15 тајни градови во Русија

Во Русија има затворени градови кадешто може да влегуваат само овластени лица. Моментално има 44 јавни затворени градови кадешто може да влегуваат или не може да влегуваат граѓаните, а за 15 не се познати локациите и имињата.

Во Москва има толку луѓе што богатите користат возила од брза помош за да се движат

Сообраќајот во Москва е толку ужасен што богатите најмуваат амбулантни возила за да стигнат до посакуваната локација.

Имаат чудни правила

Само децата или венчаните може да седат на аголот на масата. Мора да се внимава и на бројот на цветови во букетот бидејќи букетите со парен број цветови се само за погреби. Постои верување дека доколку се свирне во домот, ќе се доживее финансиски пад.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура