Патиките „All star“ од „Converse“, односно популарно именувани како старки, не излегуваат од мода, а ги носат сите генерации. Причините за тоа можеби се кријат во некој од фактите за нив.
1. Првиот пар од овие патики бил произведен во 1917 година, односно пред 98 години.
2. Првиот пар старки бил во црвена боја.
3. Првиот спортист кој ги носел бил Чак Тејлор, кошаркар.
4. Потписот на Тејлор се наоѓал на логото од 1932 година.
5. Старките се омилен бренд на рок-ѕвездите.
6. Старките се појавиле во 648 филмови.
7. Во 2001 година, „Converse“ речиси банкротира, а во 2003 беше купена од „Nike“.
8. Во 2009 година, старките добија нов дизајн, па на нив заживеаја ликови од стрипови, филмови, серии итн.
9. Старките имаат најмногу фалсификати во светот.
10. Најголемата старка се наоѓа во Токио, долга е 5 метри и е направена за да се соберат пари за жртвите од земјотрес.