Невработеноста во Германија падна на помалку од 5,7% што е најниско ниво од обединувањето во 1994 година. Овие податоци ја потврдуваат стабилноста на најголемата европска економија.
Агенцијата за вработување во петокот ги соопштила резултатите за невработеноста при сезонското прилагодување. Во соопштението се вели дека стапката на невработеност во април, вклучително со сезонските варијации изнесувала 5,8%, а на тоа ниво била и во март.
„Во поволно економско опкружување растот продолжува, невработеноста опадна во мај, вработувањето е сѐ поголемо, а потрагата за мануелни работи е останата на исто ниво,“ изјавил директорот на Агенцијата Дерлеф Шеле.
Зборувајќи во цифри кои се користат во јавност, невработеноста од април со 5,8% во мај паднала на 5,6%, а бројот на луѓе кои бараат работа во мај
изнесувал 2,5 милиони, што е за 71.000 помалку од претходниот месец.