X
 14.06.2018 Технологија

„Фејсбук“ развива алатка за следење на движењето на очите?

„Фејсбук“ ја разгледува можноста за развивање алатка за следење на очите, со што ќе додаде уште еден начин на кој ќе ги следи своите 2,2 милијарди корисници.

„Фејсбук“ соопшти дека ја истражува технологијата во писмените одговори до американскиот конгрес по појавувањето на извршниот директор Марк Закерберг во април поради скандалот во „Кембриџ Аналитика“.

Сенаторите забележале два патенти што содржеле референции за софтверот за следење на очите: еден патент бил наречен „Динамична калибрација за следење на очите“, а другиот „Техники за откривање емоции и испорака на содржини“.

fb
Фото: Getty Images


На прашањето како „Фејсбук“ има намера да ја користи технологијата, компанијата рече дека не гради софтвер за следење на очите во моментот, но не отфрли дека во иднина постои можност за нешто вакво.

- Ние секогаш истражуваме како новите технологии и методи можат да ги подобрат нашите услуги. Ако ја имплементираме оваа технологија во иднина, ќе го направиме тоа имајќи ја предвид приватноста на луѓето, исто како што правиме со информациите за движењето - изјави компанијата и додаде дека технологијата би можела да се користи за намалување на недоразбирањата на потрошувачите и дополнителна безбедност за луѓето кога ќе се логираат во „Окулус“, услуга за виртуелна реалност. Апстрактот за динамичкиот патент за калибрација на следење очи укажува на тоа дека корисниците можат да ги контролираат предметите и апликациите на екранот со нивниот поглед.

Патентите најверојатно ќе бидат оружје за критичарите кои велат дека „Фејсбук“ веќе собира премногу податоци. Како дел од одговорите на Конгресот, „Фејсбук“ ги откри сите начини на запишување на информациите на корисниците. Ова вклучува следење на движењата на глувчето и траењето на батеријата на вашиот мобилен уред.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија