„Инстаграм“ потврди дека корисниците повеќе нема да можат да видат ако некој направил „скриншот“ на нивната објава на „Сторис“.
Претходно оваа година, „Инстаграм“ предизвика паника меѓу корисниците откако започна на луѓето да им покажува дека некој направил „скриншот“ од нивната објава.
Кога корисниците за првпат се обидувале да направат скриншот на објавите, добивале предупредување: -Следниот пат кога ќе ја снимите приказната, личноста што ја постави ќе може тоа да го види.
Во некои прилики, одредени корисници не ни добивале предупредување.
Но сега компанијата реши да ја промени оваа функција. На многу луѓе ќе им биде мило што сега повеќе не можат да видат кога нивните пријатели направиле „скриншот“ од некои
фотографии или видеа.