X
 14.06.2023 Наука

НАСА вели дека сепак може да има живот на Месечината

Веројатно мислите дека Месечината е мртва, без живот на неа. Но, НАСА вели дека астронаутите кои треба да ја допрат површината на Месечината до крајот на 2025 година, доколку сè оди според планот, може да не се единствените живи организми таму.

- Една од највпечатливите работи што нашиот тим ги откри е дека, со оглед на неодамнешните истражувања за опсегот во кој може да преживее одреден микробиолошки живот, може да има потенцијално населиви места за таков живот во релативно заштитени области на некои безвоздушни тела - вели Прабал Саксена, планетарен истражувач во Центарот за вселенски летови „Годард“ на НАСА.

Споменатиот микробен живот би можел да биде зачуван во кратерите на лунарниот јужен пол. Саксена се сомнева дека животните форми кои потекнуваат од Земјата би го преживеале патувањето таму.

Ова е порелевантно од кога било бидејќи НАСА има 13 локации во близина на јужниот пол од кои треба да избере една за својата претстојна мисија „Артемида 3“, првата мисија со екипаж на површината на Месечината по повеќе од половина век.

Саксена и неговиот тим неодамна претставија истражување за овие потенцијални места за слетување, тврдејќи дека треба да се разгледа можноста за опстанок на микробиолошки живот на Месечината.

Иако експертите истакнаа дека органските молекули би можеле да се пробијат низ вселената преку метеори, нема гаранција дека микробите би можеле да го преживеат патувањето. Освен тоа, постои уште една можност: луѓето да оставиле микроби на Месечината последниот пат кога биле таму (кога неуспешно возило оставило водени мечки на нејзината површина во 2019 година).

Накратко, ако некогаш најдеме живот на Месечината, тој веројатно е од Земјата, но тоа не треба да нѐ обесхрабри да не продолжиме да истражуваме. На крајот на краиштата, откривањето дека микробите би можеле да преживеат на Месечината би имало огромни импликации.

Извор: Futurism.com
Фото: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука