X
 17.06.2020 Наука

Какво било хоби може да ги намали симптомите на депресија

Познавате некој што ужива да црта, да собира работи, да игра некој спорт или нешто слично? Истражување од Универзитетскиот колеџ во Лондон покажува дека какво било хоби може да биде значителен амортизер против депресијата.

Податоците дошле од 8.780 возрасни над 50 години во англиското лонгитудинално истражување за стареењето. 72 отсто од испитаниците во истражувањето изјавиле дека имале некакво хоби, а 15,6 отсто се наоѓале на праг од депресија според национална епидемиолошка скала.

Во текот на периодот во кој биле испитувани, од 2004 до 2017 година, хобијата го намалиле ризикот од развој на депресија за околу 30 отсто. Ефектите биле забележани и кај мажите и кај жените, и биле конзистентни кај луѓето што имале депресивни симптоми пред да почне периодот на испитување.

Гледајќи ги податоците, истражувачите откриле дека кај луѓето што немале депресија, но немале ни хоби, ако подоцна се одлучеле за некакво хоби, имале 32 отсто помали шанси за развој на симптоми на депресија.

Нивните модели откриле дека и оние што имале депресија, а се одлучиле да се занимаваат со некакво хоби, имале подобрувања во симптомите и 272 отсто поголеми шанси да закрепнат од депресијата.

хоби
Фото: Pixabay

Во однос на она што претставувало хоби, истражувачите користеле претходно воспоставено истражување и вклучиле работи како уметност, цртање, шиење, волонтирање во заедницата, столарија и создавање музика.

Ова истражување е прво што ги гледало хобијата како одбрана против депресијата. Можеби најважно кога станува збор за некое хоби, подобрувањето или заштитата од депресивните симптоми не е поврзана со социјалната интеракција, што значи дека некој што решавал крстозбор во неговиот подрум цели четири часа веројатно ќе има корист од ефектот исто колку оној што ќе практикува некакво хоби во друштво.

Истражувачите посочуваат дека ова може да се користи како „социјален рецепт“, интервенција што честопати е потребна за оние со ниски до умерени симптоми на депресија, за кои фармацевтските решенија честопати се покажуваат како неефикасни.

Извор: Good News Network
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука