X
 14.06.2023 Технологија

Паметни очила кои ги носат е-книгите директно пред вашите очи

Со претставувањето на новиот „просторен компјутер“ на „Епл“, наречен „вижн про“, речиси е сигурно дека ќе заживее екосистемот на апликации за виртуелна и проширена реалност и дека стартап-заедницата ќе се обиде да работи на овој бран на иновации.

Една од компаниите што сега влегува во ова поле е „Сол“ со своите очила „сол ридер“. Но, оваа алатка има сосема поинаква намена од онаа на „Епл“, иако функционира и како очила за сонце.

За целосно искуство додека читате


Имено, „сол ридер“ е наменет исклучиво за читање книги на овој начин. Нивните очила, малку пообемни од класичните очила за сонце, носат два мали екрани пред очите на корисникот, како оние на популарните е-читачи. За вртење на страниците се користи мал далечински управувач.

ocila
Фото: Sol Reader

Батеријата овозможува 25 часа работа помеѓу полнења, а очилата имаа и 64 мегабајти вградена меморија за складирање книги. Очилата доаѓаат со кабел за полнење и торбичка за носење.

„Сол ридер“ е дизајниран како уред за љубителите на книгата, кои ќе можат да се изолираат од околината и да уживаат во читањето без анимирани 3Д-прозорци, известувања или други фактори што го одвлекуваат вниманието. Значи, сосема поинакво искуство од она што го нуди „вижн про“.

Извор: Bug.hr
Фото: Sol Reader
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија